Врсничко насилство, како да се препознае и превенира, каде затајува општеството Енџи Николоска 40 Дали „ќотекот од рајот е излезен“? Дали функционира синџирот професор-ученик-родител-институции за создавање на здрава клетка во општество? Кое дете се соочило со поголема траума, детето сторител на насилство или детето-жртва? Кога станува збор за меѓуврсничко насилство, свеста е на повисоко ниво за разлика од претходно, но сепак и покрај бројните кампањи и програми-бројот на регистрирани случаи на меѓуврсничко насилство постојано расте. „Одлучувам, значи постојам“, мото со кое првата детска амбасада во светот Меѓаши, излегува со уште нова иницијатива за заштита на детските права. Соработката со Народниот правобранител, општините, а воедно и градинките и училиштата ќе ги зајкнат капацитетите на индивидуално и институцијално ниво, преку вклучување на децата во самиот процес на одлучување. Одејќи во насока на согледување на слабите точки со цел надминување на културата на насилство која владее во општетсвото. „Соработката со градоначалниците е добра, пројавуваат проактивен интерес, децата не сакаат да се разочараат по не знам кој пат од оние кои навистина треба да направат промена во заедницата. Тие се тука да бидат дел од промената, да учествуваат во процесот. Не сакаат да бидат декор на било која извршна власт, туку сакаат да бидат активни креатори, чинители на промената.“ - вели Драги Змијанац директор на прва детска амбасада Меѓаши. За надминување на хуманото и нехуманото третирање на детското престапништво во заедницата, значајна улога има семејството, а неизбежна е и системска поддршка. Психолози, професори и ученици во вчерашната дебата на Тв 24, упатија апел дека возразните треба почесто да разговараат со децата и да ги исполнуваат нивните потреби, бидејќи на децата не им е потребно да им се исполнуваат само желбите, а да не добиваат поддршка и љубов. Иако не треба да се впери прстот кон родителите, сепак познавачите на проблематиката тврдат дека се’ потекнува од семејството. Одговорноста лежи кај сите алки од синџирот. Младите бараат градење на база на вредности, кон која ќе може сите да постапуваат и да ги градат своите односи и комуникација врз основа на таа база.
Hide player controls
Hide resume playing