Насилството може да има различни форми Врсничко насилство (булинг) е облик на агресивно однесување кај децата на училишна возраст, што трае подолго време, се повторува и е насочено кон исто лице/лица и подразбира нерамнотежа на моќ. Насилството може да има форма на физички и/или вербален булинг, сајбер булинг но и поретко препознаен т.н. социјален булинг или исклучување. Карактеристика на булингот е насилното однесувањето кое се повторува или има потенцијал да се повтори а малтретирањето вклучува различни активности како што се закани, ширење гласини, давање прекари, напад на некого физички или вербално, намерно исклучување на некого од група итн.
Hide player controls
Hide resume playing