ПОТТИКНИ МИР БОРЕЈЌИ СЕ СИЛНО А НЕНАСИЛНО. „Секоја година над 1,6 милиони луѓе ширум светот насилно ги губат своите животи. Но насилството не е присутно само во земјите каде има воени конфликти, присутно e во сите средини, заедници, училишта, структури... Често не се препознава или се смета за „нормално“. На насилството најчесто се одговара со насилство со што истото само се продлабочува. Неодамнешните истражувања сугерираат дека ненасилниот граѓански отпор и ненасилната акција се далеку поуспешни во создавањето општествени промени и придонесуваат кон градење ненасилни заедници. Ненасилството не значи пасивност или трпење, напротив, ненасилството е неприфаќање и активно спротивставување на неправдата но без употреба на насилство. „Се противам на насилството, затоа што и кога изгледа дека прави добро, доброто е само привремено, злото кое го предизвикува е постојано.“ – Ганди Токму заради тоа да се бориме силно а ненасилно. Поттикни мир преку ненасилство! • Програма за мир
Hide player controls
Hide resume playing