Myvideo

Guest

Login

DJORDJE BASCAREVIC - SKOPJE FASHION FESTIVAL 03

Uploaded By: Myvideo
1 view
0
0 votes
0

Белата ноќ во метрополата, специјално за љубителите на машката мода на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија, збогатија два комплетно различни дизајнери од Србија. Djordje Bascarevic и колекцијата со назив „Off the season” за 2024 година, на сцената донесе еклектичен микс на референци, силуети и стил. Под влијание на јапонскиот минимализам, но и на средноевропскиот андерграунд уличен стил и електронската музика, оваа колекција е уметничко претставување на терминот „мека машкост“ и ги редефинира кодовите на класичната естетика на машка облека. Во колекцијата доминираат рамните форми, функционалноста и елементите на женската мода. Креациите со потпис на @djordjebascarevic се изградени од повеќе слоеви, стилизирани со црни ремени. Градацијата на бои во колекцијата започнува од светла палета на беж, сива и бела боја со акцент во корално црвена, потоа се трансформира во темни нијанси на морнарско сина, кафена и зелена, а завршува со црна боја. Видео: Џоле Миловски Бојан Стоилковски Марина Трајковска Модели: Мухамед Енуз Стефан Спирковски Марин Стојановски Светислав Тобџиевски Александар Симоски Игор Гошев Александар Додевски Бојан Звездаковски Никола Андоновски Димитриа Марковски Модни агенции: FS Crnokrak Models IN Официјален партнер за шминка и убавина: FABUspot Официјален партнер за фризура и и нега на коса: Dakalama Официјален партнер за чевли: N Fashion & PEKO Oфицијални медиумски партнери: Убавина и Здравје Македонска радио-телевизија (МРТ) Powered by: Државна Лотарија Продукција: MAX Management Agency

Share with your friends

Link:

Embed:

Video Size:

Custom size:

x

Add to Playlist:

Favorites
My Playlist
Watch Later