#tamaratodevska #sloboda По феноменалниот европски успех на „PROUD“ и „MONSTERS“, Тамара се враќа на македонската музичка сцена со нејзината нова песна со наслов „Слобода“. Музиката за песната ја напиша Роберт Билбилов, аранжманот го направи Дарко Димитров а за текстот беше задолжен Игор Џамбазов. „Слобода“ е инаку првиот македонски сингл, од престојниот, трет студиски албум на Тамара кој треба да излезе во јавност до крајот на летото. Песната инаку има три верзии, македонска, српска и англиска насловена како „Rise“. Видео записот за песната ќе ја има својата премиера за две недели. Teкст Од брзање забавени, од стоење задишани. Доживотно налутени и такви сме си среќни сме намуртени. Од дождови измиени, од ветришта исушени, ко цветови од пластика без мириси... Нека оди се што не чини низ водата, нека оди низ вода. Нека биде ова песна за слободата, слобода е во мода. Од вистина избегани, од среќата натажени, Во бездната истурени и такви сме си среќни докусурени. На сцената го играме театарот на апсурди. Во својата депресија уживаме...
Hide player controls
Hide resume playing