Албум: „Невечерен ден“ Музика: Ерихон и Перија Текст: Ерихон Снимање: Нино Спиркоски Продуцент: Горан Трајкоски Album: “Neverending day” Music: Erihon & Perija Lyrics: Erihon Recorded by: Nino Spirkoski Produced by: Goran Trajkoski _________________________________________ Невечерен ден Деновите во кои двајцата одеа, деновите сиви и бездушни, a маслиновите дрвца и светилници дождот го сопреа кога пророкуваа. Сведоштвото завршено е, штом труповите нивни неподигнати веќе трет ден останаа во градот, градот каде што Тој беше распнат. Ноевото ли време го живеат, па не го разбраа доаѓањето јадеа,пиеја, се женеа и мажеа. Ноевото ли време го живеат. И жителите земни се зарадуваа, Тие безумните, дарови си подаруваа дали гревовите им се избришаа или маките на совеста им се оттргнаа? А за денот и часот никој не знае, кога ќе се исполни, ниту ангелите кои до Отецот престојуваат и служат. За денот и часот никој не знае. Доаѓа осмиот во седмицата, доаѓа оној ден на надеж и страв во тој ден Вавилон ќе падне во тој невечерен ден. #Erihon#Perija#Nevecerenden
Hide player controls
Hide resume playing