Композицијата „Недело златна Недело“ e комплетно авторско дело на Марјан Јанкоски. Напишана е во чест на светата великомаченица Недела и истата инспирирана од нејзиното поопширно житие. Композицијата е работена со благослов на неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион. Композицијата е снимана во музичкото студио „Кларион“ во Скопје. Музички продуцент: Дејан Ангелевски Учествуваат: Музички состав „Портал“: Елена Ѓоргиевска (виолина, вокал), Марјан Јанкоски (кавал, вокал), Сашко Петрев (тамбура, вокал), Иле Колев (кларинет), Златко Панов (виола, вокал), Стојанче Наумовски (виолончело), Ангеле Михајловски (вокал)
Hide player controls
Hide resume playing