„Меѓаши“: Учениците се дискриминарни и прекршено им е правото на образование, мора да има одговорност Учениците се дискриминарни и прекршено им е правото на образование, реагира првата детска амабасада во светот „Меѓаши“. Откако трета година по ред се случува хаос во образованието со немање книги за секое дете, првиот човек на „Меѓаши“ порачува дека никој не смее да биде амнестиран од одговорност. Ова е системска и структурна дискриминација, МОН има законска обврска да обезбеди книги на сите ученици во образованието. И ниту еден изговор не ги амнестира од одговорност. Можам да кажам дека со право реагираат родителите, дека децата и нивното незадоволство говори колку ни е важно образованието. Кој приоритет го имаат децата во Македониіа? Закон за учебници за основно и средно образование, според кој, учебникот може да биде во употреба пет учебни години, после тоа мора да има нови книги, вели меѓу дургото директорот на првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Драги Змијанац. Коментирајќи ја најавата за тужба против МОН од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Змијанац вели дека и родителите може да го тужат министерството зашто не обезбедило книги на стартот од учебната година. И Синдикаторт за образование и наука вели дека мора да има одговорност за немањето учебници. Недозволиво е да се нема книги, тоа е проблем. Ние како Синдикат за образование и наука оценуваме дека наставниците во новата учебна година ќе се соочат со проблеми при реализацијата на наставата, тие ќе се снајдат, но тоа нее тоа. Новите колективните договори за основно и средно образование имаат проблем, мора да се работи за надминување на проблемот, вели за Алфа првиот човек на СОНК, Јаким Неделков. Неделков додава и дека без книги не се само основците, туку и учениците од средното стручно образование, кои со години немаат книги, па така во прашање е доведено знањето на учениците. Претходно, голем дел од наставниците реагираа дека од 126, фалат дури 43 книги за основците, односно 34%, а капак на се е тоа што воопшто нема учебници за трето и шесто одделение. Инаку, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднесе тужба против Министерството за образование поради недостигот на учебници во основното образование. Ова е прв таков случај во Македонија. Можноста за тужба пред суд против министерството ден претходно ја најави членот на Комисијата, Весна Бендевска, која посочи дека доколу донесат таква одлука, тоа би било прв случај да се побара судска заштита како највисока заштита од дискриминација. Борис Грујоски
Hide player controls
Hide resume playing