„Државата и нејзините институции треба да помогнат децата да излезат од детската сиромаштија, неписменост и злоупотреба на нивниот труд од страна на возрасните. Министерство за образование и наука/Ministria e Arsimit dhe e Shkencës треба да ги вклучи децата од оваа ранлива категорија, од најрана возраст во градинка, да обебзбеди бенифиции за нив за истите да можат навремено да го започнат основното училиште. Градинката нуди можности за образование и воспитување на овие деца, таа не е само згрижувачка институција. Детската амбасада Меѓаши се залага за задолжително вклучување на децата во градинка од тригодишна возраст со што ќе им се помогне навремено да бидат оттргнати од улицата, сиромаштијата и неписменоста. Со вработување барем на еден член од семејствата кои се во ризик, обезбедување кров над глава и рано вклучување на децата во градинките има шански децата под висок ризик од злоуптреба на детски труд да излезат од кругот на неписменост, сиромаштија и злоупотреба“, сметаат од Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi Од Меѓаши потсетуваат дека сите политики и механизми за превенција и сузбивање на детскиот труд треба да бидат донесени и имплементирани согласно најдобриот интерес на детето, а детското учество да биде интегрален дел од нив.
Hide player controls
Hide resume playing