Почна второто полугодие се најавува скрининг, не се знае колку ученици и наставници се позитивни Почна второто полугодие за учениците на основните и средните училишта со физичка настава и маски. Иако Синдикатот за образование и Детската амбасада Меѓаши побараа онлајн настава, нивното барање не беше прифатено. На прашањето колку ученици и наставници се позитивни и не се појавиле во текот на првиот ден на настава, министерот Шаќири немаше информации. „Моментално? Точна бројка… Јас комуницирав со Комисијата и ми рекоа дека бројката не е висока и наставата да почне со физичко присуство, само тоа ми е дадено“, вели Шаќири. Ниту здравствените власти немаат информации за бројот на заразени ученици и наставници. „Најавија скрининг или тест за Ковид-19 кај учениците. Скринингот ќе опфати околу 20 илјади ученици, а тоа ќе се направи со брзи тестови.Б.
Hide player controls
Hide resume playing