Презентирање на податоците од извештајот – Јулија Велковска, СОС операторка на телефонот на Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi Работата на СОС телефонот е цврсто заснована на принципите на Конвенцијата на ООН за правата на детето што ги истакнуваат правата на децата на приватност и заштита од повреда. Целта на СОС телефонот за деца и млади е да обезбеди поддршка на децата кои имаат потреба, да обезбеди форум за споделување информации и поддршка, поддршка при застапување и лобирање, промовирање на правата на детето и промоција на СОС линијата како медиум за поддршка на децата. Меѓаши е членка на глобалната мрежа на СОС-линии Child Helpline International (CHI), и во својата работа ја користи методолигијата на евиденција на мрежата. Меѓаши учествува во годишните анкети што ги спроведува CHI меѓу своите членки врз чија основа потоа подготвува извештај што може да послужи како аргументирана алатка за застапување на детските права пред владите, како и да ја унапреди работата
Hide player controls
Hide resume playing