Myvideo

Guest

Login

Татко си ги силувал трите малолетни ерки, маката знаела и молчела

Uploaded By: Myvideo
1 view
0
0 votes
0

Татко си ги силувал трите малолетни ќерки, мајката знаела и молчела ЈО со детали за грозоморниот случај со таткото што три години ги силувал трите ќерки По храбрата одлука на едно од трите девојчиња од прилепско кое вчера во полиција пријавило дека нивниот татко ги силувал нејзе и нејзините две сестри цели три години, јавното обвинителство побара притвор за таткото и за мајката. Против 36 годишниот татко од прилепско има сомневање дека ги силувал своите три ќерки и е донесена наредба за спроведување на истражна постапка. -Периодот од 2021 до 2023 година таткото во повеќе наврати во домот вршел полови дејства врз своите три ќерки родени 2008, 2010 и 2014 година кои во време на сторување на делата немале наполнето 14 години.-ЈО Исто така истрага има и против мајката на девојчињата за кривичното дело запуштање и малтретирање на дете. Според првичните изјави трите девојчиња и кажале на мајката дека нивниот татко вршел обљуба и полови дејствија врз нив а таа ги убедувала дека е срамота да го пријават и дека треба да ги почитуваат родителите. од Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi велат дека итно е потребно носење на закон каде ќе се зголемат минималните казни затвор дури и да има и доживотен затвор за сторителите на овие дела. Иста така потребна е поголема комуникација и во училиштата и институциите за социјлна заштита. Според него оние кои издржале казна затвор најчесто го повторуваат делото. Тој вели дека тие мора да имаат алки на движење, но и дека треба за нив да има хемиска кастрација. Во вчерашниот билетен на МВР и татко од Тетово беше пријавен од неговата бивша сопруга дека силувал малолетно дете. Во Македонија има регистар за педофили кој служи за пријавување на педофилија на бројот 15 505, но и профили на оние педофили кои служат или отслужиле затворска казна. Според кривичниот закон сега минималната казна е осум години а максималната казна 20 години.

Share with your friends

Link:

Embed:

Video Size:

Custom size:

x

Add to Playlist:

Favorites
My Playlist
Watch Later