АЛАРМ ЗА ЕКОЦИД- МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО УРИВА СВЕТСКИ РЕКОРДИ СО АЕРОЗАГДУВАЊЕТО Во Македонија веќе со години пишти алармот дека воздухот што се дише е опасен по живот. Мерните станици во Скопје, но и повеќе други градови во внатрешноста на земјата како Битола, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Куманово , уриваат рекорди. Посебно во зимскиот период, кога нивото на загаденоста станува екстремно висока. Граѓаните се жалат дека тешко дишат: Колку е алармантен проблемот покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје, според кој годишно во Македонија како последица на загадувањето се регистрираат 1600 смртни случаи. Уште пострашни се проценките на меѓународните организации кои сметаат дека црниот биланс по овој основ е двојно повисок. Најзагрозени се децата Во Македонија веќе подолго време одѕвонува АЛАРМОТ за тревога. Македонските градови веќе подолго време прилично често се на прво место по загаденост во светот. Имено, секое второ дете во Македонија има проблем со дишењето. Загадениот воздух е причина за голем бро
Hide player controls
Hide resume playing