Хорор во Карпош: Тинејџерка држена во заложништво, мајката осомничена за малтретирање . Приказна како од хорор филм .По повеќемесечна драма полиција пред два дена со асистенција од социјалните служби и детската амбасадата „Меѓаши“ ослободила 16-годишна девојка, чија мајка ја држела затворена. Се уште е мистерија колку долго скопјанка ја чувала својата 16 годишна ќерка заклучена во стан во Карпош. Драмата се случувала подолго време кога првин мајката се јавувала во детската амбасада „Меѓаши“ и пријавувала малтретирање од лица од фамилијата и од соседите. Состојбата ескалирала кога мајката јавувајќи се секогаш во доцните часови, а операторката слушнала крици од друг женски глас. Пријавиле во полиција и полицијата заминала заедно со претставник од Првата детска амбасада „Меѓаши“ и во станот наишле на потресна ситуација. Гласот кој го слушнале всушност бил на ќерката на жената која се јавувала од ноември во „Меѓаши.
Hide player controls
Hide resume playing