ВИДЕО| Битољану: Не успеваме да ги учиме новите генерации да не се мразат – Меѓаши со кампања „Поттикни мир“ од Слободен печат07/04/2021 Првата детска амабасада во светот Меѓаши започна кампања на тема „Поттикни МИР”, што се фокусира на преземање акција и поттикнување промена на локално и индивидуално ниво. Кампањата ќе се одвива онлајн, преку објавување кратка поттикнувачка содржина на социјалните платформи на детската амбасада. Целта на кампањата е да го подигне нивото на општествена одговорност, да се гради и одржува мирот, а како што порачаа од Меѓаши мирот се гради само ако прифатиме дека истиот не е во отсуство на војна, ниту моментална состојба, туку константен процес што директно зависи од нашите акции. -Доволно е да се свртиме околу себе и да видиме дека состојбата со меѓучовечките односи и со младите и со повозрасните не е еподобрена. Дури успеваме да најдеме нови начини на поделби и на некој начин да бидеме насилни и агресивни кон другите.
Hide player controls
Hide resume playing