Волонтерките и волонтерите секогаш биле и се многу важен дел од работата на Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi. Секоја година се регрутираат нови волонтери/волонтерки кои добиваат континуирани обуки на различни теми преку кои им се овозможуваат повеќе придобивки, ( развивање на чувството на грижа за децата, желбата за соработка, позитивен ангажман, чувството на општествена поврзаност, развој на граѓанската свест, запознавање на младите со улогата и работата на граѓанскиот сектор..) Поради зголемување на активностите и одржување на 24/7 линија за деца и млади, Првата детска амбасада во светот Меѓаши има потреба од волонтери/ки за активности во рамките на АлоБушавко – телефонот за деца и млади. Доколку сте социолози, психолози, социјални работници, педагози, дефектолози, правници, студенти/ки во завршните години на општествените науки и/или повозрасни лица и имате желба и чувство за општествена одговорност, поврзаност, емпатични сте и сакате да работите во директен контакт со децата, младите и возрасните, Ве молиме доставете кратка биографија, писмо за мотивација и диплома за завршено образование или документ за тековно образование на следнава e-mail alobushavko@ со назнака ,,Повик за волонтери“ БЕНЕФИТИ ОД ВОЛОНТИРАЊЕТО • Преку волонтирање се создава чувство на одговорност кон заедницата, кон децата и воопшто луѓето од сите возрасти, постојано освестувајќи ја важноста на вредностите како: солидарност, заедништво, рамноправност, ненасилство, грижа за околината итн. На тој начин работејќи за другите градиме поправедно општество и истовремено работиме и на себе. • Волонтирање или доброволна работа е дејствување на луѓе кои имаат добра волја да го вложуваат своето слободно време, труд, знаење и работа за добробит на заедницата без паричен надомест. • Волонтирањето е еден од најсилните елементи кои интензивно придонесуваат за демократските промени во секое општество. • Со волонтирањето на АлоБушавко – телефонот за деца и млади, ќе имате можност преку обуки и работилници од најразличен вид да го унапредите Вашето знаење од областа на детските права, да научите да застапувате и лобирате, како да се грижите за менталното здравје и како да понудите помош и поддршка на децата и младите. ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ: Мотивираност, емпатија, способност за активно слушање, исполнителност, посветеност, интерес, време, јасна и недвосмислена желба за доброволна работа, комуникациски вештини Повеќе информации за работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и АлоБушавко – телефонот за деца и млади на веб страниците: и Контакт телефон: 02/2465316 или 070 390 632 од до .
Hide player controls
Hide resume playing