Myvideo

Guest

Login

Rusalii (Русалии ) - Macedonian Men's Dance

Uploaded By: Myvideo
180 views
0
0 votes
0

Русалии се мажи облечени во специјална народна носија кои изведуваат обредни игри со магиска содржина, и тоа само во деновите од 6 до 15 јануари, наречени од народот „Некрстени дни“. Оваа носија со обредна намена се состои од платнена кошула и фустан - бело платнено, многу набрано здолниште, кое се носи преку белите клашнени ногавици - ѕиври на горниот дел на телото се носи елек од пругасто - шарена волнена ткаенина, врз кој се носат украсни додатоци и декоративно орнаментирани крпи. Волнени црвени чорапи, со многу вплетени геометриски мотиви и опинци го оформуваат обувањето на нозете. Оваа декоративна носија е дополнета со дрвена сабја - алачка што играорецот русалија ја држи во рака, а при изведувањето на обредната игра замавнува со неа, со цел да ги растера и уништи лошите демони.

Share with your friends

Link:

Embed:

Video Size:

Custom size:

x

Add to Playlist:

Favorites
My Playlist
Watch Later