Локални власти, претставници на воспитно – образовниот кадар, претставници од институции, НВО, младински организации, ученици, млади и деца од општина Виница беа главните говорници на локалната конференција „ВИНИЦА – Општина посветена на децата“. Оваа конференција има за цел да промовира инклузивна и поддржувачка средина за децата со споделување на веќе постоечки позитивни практики за детско учество во општина Виница. Како гости на конференцијата учествуваа Општина Кисела Вода и Општина Велес кои исто така се вклучени во проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“, имплементиран од Прва детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и Центар за семејно и детско згрижување КМОП – Скопје. Конференцијата ја отвори Драги Змијанац - Претседател и основач на Прва детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“, кој се задржа на важноста на учеството на децата во процесите на донесување одлуки. Говореше за неговото досегашно учество во локалното одлучување и даде идеи како општините можат да ги вклучат децата и мл
Hide player controls
Hide resume playing