Myvideo

Guest

Login

Клепало - Бигорски Манастир

Uploaded By: Myvideo
1 view
0
0 votes
0

Во древните богослужбени книги, кога се говори за начинот на повикување на верните на молитва, се укажува на т.н. „клепала“, односно дрвени или желесни греди во кои се клепа, односно бие. Имало три вида на клепала: големо и мало дрвено клепало и агиосидирион, односно желесно (или бронзено) клепало кое се излева во вид на елипса или виножито. Според некои преданија, чукањето на клепалото го символизира градењето на ноевата арка на спасение. Како што тогаш се собрале животните за да се сместат во неговата арка, и така да се спасат од потопот, така и денес, кога клепалата се клепаат од припратата на црквата, верните притекнуваат кон неа како кон нов кораб на спасението, за да се спасат од светскиот потоп на гревови и страсти. Исто така, според други преданија, чукањето на клепало нè потсетува на приковувањето на Спасителот на Крст на Велики Петок (оттука и нивната позачестена примена во богослужбите од Страсната Седмица).

Share with your friends

Link:

Embed:

Video Size:

Custom size:

x

Add to Playlist:

Favorites
My Playlist
Watch Later