Myvideo

Guest

Login

Сиромаштиата расте, власта наавува социална реформа

Uploaded By: Myvideo
11 views
0
0 votes
0

Сиромаштијата расте, власта најавува социјална реформа Инертни и бирократизирани се центрите за социјална работа, оценуваат од детската амбасада „Меѓаши“. Од таму појаснуваат наместо на терен, социјалните работници се затворени во канцеларии, вели директорот на „Меѓаши“ Драги Змијанац. -Видете колку деца има на улица. За излегување на семејствата од сиромаштија, особено и за намалување на детската сиромаштија, покрај додатоците треба и да се овозможи вработување на барем еден член од семејството, изјави Змијанац. Владата со нови законски решенија во областа на социјалната и детската заштита, ќе се обиде да ја намали сиромаштијата, а резултатите од истите ќе се видат за четири години. Стапката на сиромаштија има тенденција на зголемување во последните три години. Според официјалната државна статистика во 2017-та 460 илјади луѓе или 22.2% од населението било сиромашно што е за 0.3 проценти поени повеќе од 2016-та и за 0.7 повеќе од 2015-та.

Share with your friends

Link:

Embed:

Video Size:

Custom size:

x

Add to Playlist:

Favorites
My Playlist
Watch Later